Македонија можеше да стане втора бугарска држава на Балканот, но Бугарија, во некои периоди од нејзината историја, особено по 9 септември 1944 година, не водела доследна политика. Денашната бугарска елита, исто така, не може да го определи бугарскиот национален интерес во Македонија.

Вака размислува експерт на Бугарската академија на на нуките (БАН), Спас Ташев, кој во гостување на „Bulgarioa on air“ вели дека и покрај големите инвестиции на Кралството Бугарија во периодот 1941-1944 „денес ние немаме јасен економски интерес. Има само српски телевизиски канали, серија босански билтени, единствената бугарска телевизија што се емитува во Македонија е за поп-фолк“ вели Ташев и препорачува:

„Така влијание не се прави. Покрај пасошите, треба да бидеме атрактивни за ‘македонците’ (наводите се на Bulgaria on air – n.z.) и на друг начин“ вели историчарот  д-р Спас Ташев.

Историчарот вели дека историјата е добар учител, и ја велича улогата на цар Борис кој „има заслуга што не ја вовлече Бугарија во пламенот на Втората светска војна“  и бара целосна рехабилитација за последниот бугарски монарх.

Натамошните ламентирања на историчарот на следниот линк.

SHARE