Taxalia: Заев ја брифирал владата за името на вонредна седница

Најчитаниот грчки портал кој е со седиште во Солун и кој важи за близок до радикални националистички структури поврзани со полициски и воени кругови објавува дека вчера македонската влада одржала вонредна седница на која премиерот Заев елаборирал за можни предвремени избори и референдум за новото име за кое Грција веќе дала согласност.

Седницата според taxalia.blog.gr траела цели 5 часа а според порталот таа се одржала под будното око на американскиот амбасадор во Скопје, но не се прецизира дали тој бил присутен во Владата или се работи за фигуративен говор во текстот.

Според грчкиот медиум на масата Заев претставил две сценарија.

Според едното сценарио референдумот за името треба да биде одржан заедно со изборите а според второто, изборите треба да се одржат по референдумот откако на него ќе се добијат позитивни резултати.

Според порталот, македонската опозиција исто како и владата е под страшен притисок од САД со цел да даде поддршка за името кое што било одобрено до премиерот Ципрас за на македонската страна има универзално прифаќање на договор со Грција.

Овој развој на настаните покажува дека и Грција треба да реагира брзо исто така, коментира на крајот на веста порталот.

На веб страната на македонската влада за вчера немало најавена ниту одржана седница а на дневниот ред за денеска на агендата нема такво прашање.

SHARE

Comments are closed.