Тазе Ретро: Дарко Митревски – Само идентитетот ќе ви го нема

Кога панаѓурот ќе помине, и кога наредното утро ќе се погледнете во огледало – сите работи што ве прават незадоволни од самите себеси и понатаму ќе бидат видливи: и изгледот, и навиките, и карактерот… Само идентитетот ќе ви го нема, пишува режисерот на Трето Полувреме и Балкан Кан Дарко Митревски во својата колумна напишана неколку дена пред потпишувањето на Преспанскиот договор во јуни оваа година за порталот мкд.мк

“Имено, името означува идентитет.

Ако не ми верувате, ѕирнете си ја личната карта: таму има фотографија со вашиот лик, а до неа стои име и презиме со кое тој лик се именува.

Сменете го тоа име, и одеднаш сите ваши документи стануваат неважечки: самата лична карта, вашиот пасош, вашата возачка дозвола, вашиот извод од книгата на родените, венчаница, имот запишан во катастар, членска карта од партија или библиотека… Сè што дотогаш се однесувало на вас ќе мора да се ревидира, вклучително и називот на вашиот фејсбук-профил.

Чудна сила имаат имињата. Дури и предметите се безлични сè додека не ги именуваме, а камоли пак луѓето и народите. Античките комедиографи оделе дотаму што дури тврделе дека „nomen est omen”, односно дека името е знак не само за тоа кои сме, туку и какви сме….”, порача Митревски пред 4 месеци а неговите зборови важат и денеска.

Целата колумна што треба да ја прочита секој па дури и тие што веќе еднаш ја прочитале, на овој линк

3 Коментари

  1. Ај Дарко кажи како тоа ако го смениме името сите наши документи ќе станат неважечки, освен тоа што на документите ќе стои новото име? Сакаш ли да кажеш дека личната карта, пасошот, возачката дозвола, изводот од книгата на родените, венчаницата, имотот запишан во катастар, членската карта од партија или библиотека ЌЕ ПРЕСТАНАТА ДА ВАЖАТ само поради тоа што на тие документи ќе стои ново име? Откри топла вода – името означувало идентитет! Па тоа секој го знае. Но ајде кажи како промена на името менува идентитет. Идентитет на документите кои ги споменваш не е името, туку збир на карактеристики по кои некој се разликува од сите други. Сигурно во Македонија ( и во светот) постојат десетици лица со име Дарко Митревски. Дали сите Дарко Митревски имаат исти идентитет затоа што имаат исто име? Нивниот идентитет не е Дарко Митревски, туку НИВНОТО ИМЕ е Дарко Митревски.Нивниот идентитет е збир од карактеристики по кои се разликуваат од другите Дарко Митревци. Нивниот идентитет е нивниот датум на раѓање, местото на раѓање, родителите од кои е роден, каде се школувал и што завршил, кои се неговите браќа и сестри, кои се неговата жена, деца и т.н., што значи СЕ` ОНА ПО КОЕ НЕКОЈ СЕ РАЗЛИКУВА ОД ДРУГИТЕ! Зарем не се срамиш што пишуваш вакви глупости?

  2. Ej, a be (b)eden se javi po referendumot! Odi be skrij se, pokrij se so jorgan, ako ne znaes sto znaci IME, IDENTITET, INTEGRITET, DOSTOINSTVO, GORDOST, RODOLJUBIE… koj ti e kriv?

Оставете Коментар