„Телеграф“: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец!

Loading...

Британскиот весник „Телеграф“ во патеписна репортажа од Македонија се осврнува и на прашањето за Александар Велики, при што авторот Пол Блумфилд пишува дека тој не бил Грк, туку Македонец!

Набројувајќи ги вината во винаријата „Стоби“, каде што направил пауза за ручек, Блумфилд ја споменува „Кратошија“, за која т.н. локален гуру Горки Балојани му рекол дека „ја пиел и Александар Велики“.

„Ах, прашањето за Алекс. Во училиште веројатно сте учеле дека серискиот освојувач бил Грк – сепак, во 4 век п.н.е. не постоела Грција по себе. Не, Александар бил Македонец; прашањето е каде точно била ‘Македонија’. Денешните Грци инсистираат дека таа била на нивна територија, барајќи нивниот сосед да се откаже од името и да се реши долготрајното натегање со поранешната југословенска република – ситуација што повторно осамна на насловните страници овој месец со потпишувањето на прекуграничен договор, со кој оваа земја би можела да се преименува во Република Северна Македонија и да ги отстрани грчките приговори за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО“, пишува тој во долгата репортажа насловена „Потценетата европска земја што сигурно ќе ви го подобри здравјето“ и објавена во денешниот број на „Телеграф“.

 

14 Коментари

  1. Дека Александар Велики бил Грк тврдат 376 професори од врвните светски факултети во писмото до претседстелот Барак Обама. Што мислите, дали професорите од Харвард, Оксфорд, Кембриџ, професори од Франција, Германија, Холандија, Данска, Финска, Полска, Унгарија, Италија, Египет, Аустралија, Јапонија и т.н. знаа помалку од некој си Пол Блумфилд? Цел свет знае дека Алескандар Велики низ цела своја империја, во Мала Азија и Египет го проширил грчкиот јазик, грчкото писмо, грчката наука, грчките обичаи, грчката филозофија, култура и религија. Низ целата негова империја се говорел грчкиот Коине јазик, кој постанал лингва франка. Тој јазик го говореле и Римјаните кога ја освоиле територијата на Александровото царство, а Јустинијановиот кодекс бил напишан покрај на Римски и на Грчки јазик. Грчкиот јазик и грчкото писмо од 610 година станал официјален јазик и официјално писмо на Византија и се зборувал се да 1453 година кога Турците ја освоиле Византија.

      • Вчудоневиден сум од твоето не(знаење). Сега можеш да позираш со гол ауспук кај јунистанците!

    • Eden, sega ni e jasno, pa ti en si Makedonec ti si ili bugar ili shqip!! Zatoa plukas po se sto e makedonsko!!

  2. Тој што мижи на тоа што утврдила светската наука и што е прифатено од светската наука, кој што мижи што се изучува на најважните и највлијателните универзитети во светот и кој го слуша Васил Иљов дека од Македонците произлегле сите раси на светот, а македонскиот јазик и писмо се стари 200 000 илјади години – е вистински патриот. А според тие наши „патриоти“, на Харвард и на Оксфорд не се изучува вистината, туку таму професорите кои се претежно добитници на Нобелова награда, се глупи и немаат појма од наука. Не знаат кој бил Александар Македонски. Поетот Клетников и Русјаков знаат повеќе од нив. Да живее глупоста!

    • Eden ili dva …. Tie “profesori” takvi ko tebe baraat sto ke mu posluzat toa da si jadat…. I vo bugarija te ucat deka Alekandar bil grk i Kiril i Metodi pa i Naum i Kliment bile bugari… A pak vo drugi zemji gi ucat deka Kiril i Metodij se isto grci… No samo koj ke treba vistinata da se kaze … Kako na primer vo Anglija na tv igrata milioner bese postaveno prasanje za milion… Od kade e Aleksandar… I normalno tie gordo i sigurni rekoa grcija…
      Za zal vistinata im go odzema milionot … Zatoa sto Aleksandar e Makedonec
      Ne tuku mi se prai pismen ili mnogu znaen… Se sto leta ne se jade isto taka se sto.ke slusnes ne e visrina..

  3. Наум, мислиш ли дека убаво „објасни“? Што ти мислиш? Во секоја земја секој по свое си ја кажува историјата? Историјата е една од науките, а за секоја наука мора да постои согласност, заедничко утврдено мислење од целата светска наука од таа област. Камо таа среќа секој да има професори како оние професори на Харвард, Пристон, Оксфорд, Кембриџ… Од нив да учиме историја, а не од Жежов и Ачковска. На тие факултети Жежов и Ачковска не ќе можат ни една година да земат со нивното знаење, а овде се професори на факултети. Од каде е Александар и што е Александар се две различни пришања кои имаат два различни одговори. Алекдандар бил од Македонија, но тоа не значи дека не бил Грк. Нема нити еден доказ дека античките Македонци не биле Грци. Напротив, сите докази покажуваат дека биле Грци. Тие 376 професори го тврдат истото. А го тврдат затоа што доказите се такви. Или мислиш дека на Харвард, Пристон, Оксфорд, Кембриџ и другите универзитети кои ги завземаат највисоките места на листите на најдобри универзитети, учат погрешно?

    • Mnogu profesori bea vkljuceni vo izrabotkata vo laznata istorija na takanarecenite grci koi vo vremeto na Aleksandar ne postoeja,no bidete sigurni deka Britancite mnogu dobro ja poznavaat Makedonskata istorija i koj bil Aleksandar Makedonski kako osvezuvanje za vas pogledajte go linkot sto vi go ostavam.https://www.youtube.com/watch?v=3Iz4jNS4wC0

  4. Samo GLUP bi tvrdil deka Aleksandar e Grk, ima DOKAZI AMA ZA PRODADENITE DUŠI NEMA DA SI GO TROŠAM VREMETO!

    • Moze da go prepratis ovaa video za nekoj koj sto ne ja poznava istorijata a za razlika od mnogu takanareceni profesori Britancite mnogu dobro ja poznavaat Makedonskata istorija ovaa video go dokazuva toa.Pozdrav

  5. Pa shto baraat vo REPUBLIKA MAKEDONIJA stranski arheolozi da go baraat grobot na Aleksandar Makedonski?

  6. If Alexander the Great was not Greek, which was the language that he spoke? The answer is the Ancient Hellenic languge.

    Ако Александар Велики не бил грчки, на кој јазик зборувал? Одговорот е античкиот хеленски јазик.

Comments are closed.