Властите  на Венецуела потврдија дека инцидентот кога говорот на претседателот Николас Мадуро бил прекинат од две експлозии на дронови во негова близина, бил обид за атентат.

Од видео снимено од друг агол, се гледа како телохранителите брзаат да го заштитат Мадуро со неколку непробојни елеци.

По обидот за атентат  врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, некои светски агенции излегоа со верзија дека не се работело за напад со дронови кои експлодираа за време на обраќањето на претседателот на воена парада во Каракас, туку дека – екасплодирала плинска боца во некоја блиска зграда.

Агенцијата АП, оваа верзија ја пласирала врз основа на изјави на пожарникари кои биле на местото, но на кои им било забрането да зборуваат.

Но, Дејвид Смајлд од Вашингтонската канцеларија за Латинска Америка изјави дека аматерскиот обид за атентатот на претседателот на Венецуела, Николас Мадур, не изгледа дека бил инсцениран.

Нама назнаки дека нападот бил испланиран за  Мадуро од него да има политичка корист.

И невладини организации излегоа со оценка дека атентатот бил вистински и дека претседателот на снимките изгледа „ранливо“.

Врз Мадуро и претходно имаше обиди за атентат, за кои тој го обвини Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и неговите десничари.

 

SHARE