Телохранителот што пукаше во Собранието на 27 април шеф на БЈБ

Утре на седница на Владата Сашо Тасевски ќе биде назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност, објави Прес 24.

Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Заев кој извади огнено оружје и пукаше во инцидентите во Собранието на 27 април доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше сменет во аферата “Џип”.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово.

Од 2001 година работел кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“.

 Посетувал курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година