Телото на Никола Саздовски на обдукција, ОЈО презема дејствија!

По наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот 21-годишник Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше претепан на автобуска постојка во скопската населба Автокоманда, е предадено на обдукција.

Од Основното јавно обвинителство Скопје велат дека се преземаат дејствија во истражна постапка за утврдување на фактите во предметот, дознава „Фокус“.

Момчето кое десетина дена поради претепувањето било во тешка здравствена состојба предходно било приклучено на апарати.

Во полицискиот билтен на 30 јуни беше наведено дека „на 29.06.2018 година во времето од 17:30 до 17:40 часот на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ од страна на три непознати машки лица (кои излегле од патничко моторно возило „Мерцедес“) физички бил нападнат Н.С.(21) од Скопје.

По физичкиот напад лицата со возилото го напуштиле местото на настанот. Н.С. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’.

Во врска со нападот кривична пријава беше поднесена против Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Б.Б.(20), С.Д.(21) беа лишени од слобода и одредена им беше мерка притвор.

Младиот Никола по нападот поради тешките повреди беше хоспитализиран на КАРИЛ, каде по 10 дена поминати во кома, утринава починал.

SHARE