Теодоракис: Договорот за името не е најдобар, но е неопходен

„Ќе одлучиме да го решиме проблемот со чувство на одговорност. Не сум сигурен дека овој проблем ќе биде решен од страна на актуелниот парламент“, изјави Ставрос Теодоракис, доцна синоќа во интервју за ТВ Алфа.

„Потами“ пред три дена соопшти дека го напушта левичарското „Движење за промени“ , но од партијата соопштија дека немаат намера да го „пополнат“ местото во владата доколку „Независни Грци“ на Панос Каменос се одлучат на таков чекор.