Loading...

Грчкиот композитор Микис Теодоракис се изјасни против предлогот од македонскиот владин врв за ново име на државата да биде „Илинденска Македонија“, сметајќи го за „потенцијален инструмент за фанатиците во Скопје“.

„Сите знаеме дека господинот Заев има голем проблем. Тој проблем се екстремните националисти во неговата земја со кои се сретнавме во претходната влада“, вели Теодоракис во текстот што го пренесоа многу медиуми во Грција.

Во него тој додава дека негов сон била Македонија до Егејско Море, но наведува дека истиот тој сон сигурно го имаат и Заев и цело „Скопје“.

Понатаму, тврди дека „Егејска Македонија ја инспирира Тито“, а зачленувањето на северниот сосед во НАТО го доживува како начин Атина да се принуди на отстапки.

За профаќањето на името Македонија, според него, потребна е што поширока согласност на граѓаните на Грција, бидејќи „само ние Грците можеме да дадеме историска легализација на името ‘Македонија’, но тоа не може да ги опфати само 29 отсто од оние што гласаа на претходните избори, туку, ако е можно, 100 проценти од Грците“.

 

3 Коментари

  1. Каде го најдовте овој кретен и вандал Теодоракис? Каква будала, речи си како нашиот Зајко!

  2. Не знам на кој му падна напамет од „стручњаците” на СДСМ да предложат “Свети Илија” за ДРЖАВНОТО ИМЕ!
    На вистина многу креативно! Многу знаење стои зад ваков предлог!
    За светска Историја!
    Честитки! Секоја чест!

Comments are closed.