Удар во метална кутија за струја во една од бандерите на автобуската постројка во Автокоманда била причина за смртта на Никола Саздовски, тврди адвокатот Алиспаиќ кој го застапува обвинетиот Скендер Демири кому му се суди за свирепо убиство, пренесе МКД.МК дел од денешното судење на обвинетите за претепувањето што се случи на 28 јуни на автобуска станица.

По тепачката, трите тепачи побегнале – двајца биле подоцна уапсени а по третиот, речиси еден месец подоцна била распишана меѓународна потерница.

Адвокатот Алиспаиќ пред судот рече дека причината за смртта на Саздовски е удар со тврд предмет на задниот дел од главата, односно метална кутија за струја.

Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б.(20) и Скендер Р.(21) за кривично дело „убиство извршено на свиреп начин“.

Напаѓачите го виделе Саздо случајно на автобуската без никаков план за убиство. Го нападнале поради нетрпеливоста што ги имаат нивните спротивставени навивачки групи „Комити“ и „Шверцери“.

Според вештачењето од Институтот за судска медицина, Саздовски бил нападнат без употреба на предмети, со голи раце, по што паднал во кома и по 9 дена починал.

Тој беше претепан со боксови и клоци по главата и градите, а ударите продолжиле и откако паднал на земја.

Обвинетите не чувствуваат вина.

SHARE

Оставете Коментар