Тепачка во Србија за ефтините пилиња во Лидл (ВИДЕО)

Ефтини пилиња и други производи беа причините за инциденти на раб на физичка пресметка откако утринава одеднаш во 16 спрски градови беа отворени продавници на германскиот трговски синџир Лидл.

Цените во Лидл според српските медиуми се поефтини и до 20 насто од другите српски продавници.

Цената на пилињата денеска во Лидл била 119 динари или 60 денари за килограм.

SHARE