Тешки моменти за Димитров на Твитер (ФОТО)

Само брат му на Сашо Ордановски одговара позитивно на илинденската честитка на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој го постира Илинденскиот манифест на Твитер.

Меѓу коментаторите има луѓе кои што беа жестоки критичари на Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ

“Секоја генерација со своја планина. Во 1903 Илинденците дигнале востание за правда и слобода. Во 1944 Асномците обезбедиле државност. Планината на нашата генерација е да ја зацврстиме државноста и да ја направиме Македонија европска, праведна и чесна.
Да ни’ е честит Илинден!”, напиша Димитров по што доби низа критики и разочарувања.

Дури ни негови блиски пријатели овој пат не го поддржаа на Твитер.