Тешко на сите, на Шеќеринска, Димитров, граѓаните најтешко – пишува Горан Момироски

Македонските лидери и сите македонски граѓани, секој на свој начин имаат дилеми за чекорите што земјата треба да преземе за да се влезе во НАТО и да се почнат преговори за членство во ЕУ.

Премиерот Заев веќе кажа дека договорот од Преспа го пече но дека тешкиот компромис го прави со надеж дека со тоа ќе дојдат подобри денови за граѓаните. Шефот на владата веќе најави дека ако референдумот пропадне тој ќе се повлече но ако се следи леснотијата со која досега ги менуваше ставовите, Заев не мора да биде многу загрижен.

За министерот Димитров одлуката е тешка затоа што тој долго време беше преговарач и точно знае што се сега мора да проголта за да се дојде до решение. За него проблем е и аманетот на неговиот татко Димитар кој пред 25 години порача “Раката да му се исуши кој ќе стави потпис на смена на името”. Димитров кој беше висок државен функционер и во времето на ВМРО – ДПМНЕ сега носи тешко бреме и поради прифаќањето на позициите на Заев кој пред 9 години кога министерот се бореше со “двојната формула” најави “виткање на кичмата”.

И за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дилемите се тешки а позицијата ризична. Како да балансира против Преспанскиот договорот а да биде за влез во ЕУ и НАТО. И пред се, како да го послуша дел од народот кој се противи на промена на името и идентитетот и во исто време да не се закрви со тие што сметаат дека мора да се влезе во НАТО и ЕУ по секоја цена за земјата да не се распадне.

Мицкоски има проблем и со странските пријатели на Македонија кои што гледаат дека оваа влада нема капацитет да направи реформи но е подготвена да ги затвори сите отворени прашања без да се грижи за националното достоинство. Одење на опозицијата против странските пријатели кои сакаат да се затвори прашањето за името а не ги боли што ние имаме силни емоции, може да значи крај на надежта дека Мицкоски еден ден ќе стане премиер.

Не му е лесно ниту на Али Ахмети ако вели дека ова е тема за Македонците. За дел од Албанците е предавник затоа што се согласи тие да станат граѓани на Северна Македонија. За други ги предал Албанците во Грција со тоа што ставил параф на договор со кој ќе се брише албанскиот фактор во Грција односно Чамерија.

Од друга страна го притиска електоратот на ДУИ поради неговите ветувања дадени пред 10 години кога по пауза од две години влезе во владата и вети дека Македонија наскоро ќе стане дел од НАТО и ЕУ и така ќе дојде до обединување на неговиот народ.

Ахмети од 2002 година со пауза од 17 месеци меѓу 2006 и 2008 е единствениот политичар кој цело време е во Владата.

Тешко му е и на шефот на државата но Иванов нема друга опција освен да ги почитува законите и уставот. Тој од секогаш бил со истиот став, да се влезе во ЕУ и НАТО со разумен компромис при што преспанскиот договор во ниедна нормална анализа не може да се квалификува како компромисен.

Освен на граѓаните кои се думаат кој пат да го фатат и на 23/30 септември да гласаат за НАТО/ЕУ или за својот идентитет, најтешко и е на вицепремиерката Шеќеринска.

Таа иако не го потпиша лично договорот со Грција сега ќе мора да го брани. За неа е најтешко затоа што покрај договорот ќе мора да го брани и ставот од 2004 кога како вицепремиер за евроинтеграции на референдумот за територијалната поделба бараше бојкот и порачуваше дека “некои прашања не заслужуваат одговор”.

Ќе биде интересно да се види како владините ПР махери ќе и го објаснат ова на јавноста која најчесто памети по нецели 3 дена но понекогаш не заборава со децении.

18 Коментари

  1. Тешко на сите во Македонија со новинари како Горан Момироски! Што бре Горан кукаш и од влакно фортома правиш? Трагедија ли е на името Република Македонија да се додаде Република Северна Македонија, а при тоа се` да остане исто ( јазикот-македонски, идентитетот-македонци)! Што е толку страшно на пасошот и личната карта и други документи да пишува Република Северна Македонија (наместо Република Македонија), или ако МАНУ се вика АНРСМ и македонската телевизија – телевизија на рсм? Свесен ли си ти дека мораме да најдеме решение за разликата околу името во преговори со Грција? И тоа не поради влез во НАТО и ЕУ. Туку само поради тоа што Советот за безбедност на ОН оценил дека не наоѓање на решение значи нарушување на мирот и добрососедските односи во регионов. Значи, проблемот мораме да го решиме поради резолуцијата 817, а влегувањето во НАТО и ЕУ е гратис. Дали ти мислиш дека постои подобро решение од ова (Република Северна Македонија, ние Македонци, јазикот македонски)? Кое е тоа решение и кој од страна на Грција ќе го прифати? Тешко му е само на Мицкоски затоа што оди контра целата меѓународна заедница, а во Македонија контра дел од Македонците и сите Албанци. Така не се станува премиер. Но Мицкоски има друга улога. Тој не ја брани Македонија. Нема ни потреба да се брани Македонија. Тој го брани Груевски и фамилијата. Согласноста со договорот со Грција сака да ја продаде за амнестија на Груевски и фамилијата. Тој знае дека ќе изгори со ваква политика, но чудно е што му успева кај дел од народот да мислат дека ја брани Македонија. Смешен си и со ставот дека Иванов го брани Уставот и законите. Уставот јасно кажува дека тој треба да потпише и дека не е негово да тумачи дали е нарушен Уставот или некој закон. Но и неговата улога е како онаа на Мицкоски со тоа што тој ништо не губи. И така му завршува мандатот, а за образот не ни размислува.

    • „Еден” според рез. 1244 на СБ на ООН, Косово и Метохија е СРПСКА ТЕРИТОРИЈА, но тоа не ВАЖИ за 120 ДРЖАВИ во ООН и според Бриселската Спогодба најмногу што Србија може да добие е Север од Косово!
      Ете колку вредат Рез. на СБ на ООН!
      Според Српскиот Устав „Косово и Метохија” е покрајна!, а според цела ООН “КОСОВО” (а не „Косово и Метохија”) е полу-суверен субјект со посебен статус, а НЕ ПОКРАЈНА, без разлика што во Српскиот Устав се вели „Косово и Метохија” со статус ПОКРЈНА НА СРБИЈА!
      И жити се, „еден” не треси глупости веќе за 817! Поим немаш!

  2. Резолуцијата 817 не се однесува на државите-членки на ОН, според тоа ништо не бара од нив. Резолуцијата 817 се однсесува на Македонија и Грција и бара од нив да најдат решение за разликата околу името во меѓусебни преговори, со цел зачувување на мирните и добрососедски односи во регионот, кое барење Македонија и Грција го исполнаа.

    • „Еден” според рез. 1244 на СБ на ООН, Косово и Метохија е СРПСКА ТЕРИТОРИЈА, но тоа не ВАЖИ за 120 ДРЖАВИ во ООН и според Бриселската Спогодба најмногу што Србија може да добие е Север од Косово!
      Ете колку вредат Рез. на СБ на ООН!
      Според Српскиот Устав „Косово и Метохија” е покрајна!, а според цела ООН “КОСОВО” (а не „Косово и Метохија”) е полу-суверен субјект со посебен статус, а НЕ ПОКРАЈНА, без разлика што во Српскиот Устав се вели „Косово и Метохија” со статус ПОКРЈНА НА СРБИЈА!
      Мирните и добрососедски односи во регионот не можат да подразбираат КРШЕЊЕ на ПОВЕЛБАТА на ООН, посебно МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНАТА ЈУРИДИКЦИЈА и консеквентно доведување до КРШЕЊЕ ПРАВНАТА и СУВЕРЕНАТА ЕДНАКВОСТ на ЧЛЕНКИТЕ на ООН!!!

      И жити се, „еден” не треси глупости веќе за 817!

      Поим немаш!

      Најди си некој сајт со истомисленици и не продавај овде евтина пропаганда!

      • Стотине пати реагирале Грците до 150 држави да ја почитуваат 817, за ради мир во светот и безбедноста, па никој не ги фермаше ниту Грчките аргументи, ниту 817 на СБ на ООН, и бројот на признанија постојано се зголемуваше, а слично беше и со Косово, па сега Република Косово е фактички призната во целата меѓународната заедница, од 4 глобални организации и 115 држави членки на ООН. Рез. 1244 е мртва буква на хартијата, како и 817 која служи да потсмев.

  3. За овај еден требат два ! еден за во уста (северно) другиот за одзади (јужно). Па ако не му сметат добро ! Проклети ПРЕДАВНИЦИ корен да не ви останет !

  4. Најголем лажго во Македонија не е Заев, туку С. Керим кои вика дека не може името да се воспостави преку Генералното собрание на ООН. Види: http://maktel.mk/News.aspx?id=107104
    Тој човек претставува најголем срам за Република Македонија!!!

    • Ха, демек ние се согласивме на рез. 817на ООН, не можам да разберам дека ваков копук беше претседателот на Г. собрание на ООН! Се согласувам, Керим е срам за Македонија.

Оставете Коментар