Тетовчанец загинал во терористички напад во Мали

Loading...

Македонски државјанин од Тетово, со иницијали на Е.И. починал како жртва на терористички напад во градот Гао, во Мали.

Во нападот биле повредени и двајца други Албанци, Б.Л, исто така од Тетово и Д.М од Косово, кои биле префрлени на болничко лекување во Дакар, Сенегал, но не се во животна опасност.

Од МНР на Косово известуваат дека цел на терористичкиот напад бил автомобилот на вработени од фирмата „Еколог“, која е ангажирана од мировната мисија MINUSMA на ОН во таа земја.

„Амбасадата на Република Косово во Сенегал и амбасадорот Гаши се во постојан контакт со надлежните органи“ пренесуваат косовски медиуми..

Од Министерството за надворешни работи на Косово, велат декаа, според првичните информации,  нападот бил извршен од страна на терористичката организација „Боко Харам“ .