The American Conservative: Не чека уште една рунда бесмислени проширувања на НАТО

Решавањето на спорот помеѓу Македонија и Грција е добра вест, но Македонија нема никаква причина да се приклучи кон НАТО, a Алијанста нема никаква потреба да додава уште една зависна членка, пишува во својата анализа американскиот портал The American Conservative.

Македонија нема надворешни закани, се вели во анализата на медиумот на американските конзервативци, поради кои би барала членство во организација која би требало да биде сојуз за колективна безбедност, а згора на се, многу малку нуди во смисла на придонесите кои може да ги уплаќа.

Македонија е мала земја, без излез на море, а од три страни е опкружена со членки на НАТО, па оттаму ниту е стратешки битна, ниту, пак, е ранлива кон надворешна агресија. Како и со блиската Црна Гора, членството во НАТО на земјата и е понудено како награда за политичките одлуки, кои немаат ништо заедничко со подобрувањето на безбедноста на Европа и на САД.

Но, за разлика од јавното мнение во Црна Гора, се вели натаму во анализата, македонската јавност е масовно „за“ НАТО и го поддржува членството. Тоа е така затоа што членството се нуди како сигнал за вклучување во западните институции, а не како одговор на вистински безбедносни потреби. Ниту САД, ниту Алијансата ќе станат побезбедни со додавање на уште мали држави од Балканот.

Проширувањето на НАТО продолжува да се тетерави напред, како зомби политика, што и е. Најверојатно за неколку години, САД ќе мора да додели уште една безбедносна гаранција од која нема никаква потреба, а тоа повторно ќе се изведе без сериозна дискусија во Вашингтон, е заклучок на анализата на The American Conservative.

SHARE

Comments are closed.