The Duran: ДУИ и Беса во конфликт за сметка на САД и Турција

Втората блокада при формирањето на владата на Зоран Заев во Македонија ќе биде причинета од судирот меѓу албанските партии кои што се длабоко конфронтирани меѓусебно, тврди во својата анализа американскиот портал „The Duran“

Овој американски медиум во написот на авторот и главен уредник Адам Гери најавува нова опасна фаза на состојбата во Македонија поради непремостливите разлики меѓу двете сега најголеми партии на Албанците, ДУИ и БЕСА.

Според „The Duran“ лидерот на СДСМ и покрај тоа што се согласил да ги исполни голем дел од барањата на албанските партии токму поради нив сега мое да има проблем, затоа што тие имаат неколку проблеми за да постигнат единство.

Лидерите на двете најголеми албански партии ДУИ и Беса според анализата на американскиот медиум имаат долгогодишна меѓусебна лична омраза што е причина повеќе да не можат да се најдат заедно во владата на Заев. Според „The Duran“ албанските партии во Македонија не се финансирани од владата на Албанија која што нема пари за тоа туку од други странски извори. Па така ДУИ се финансира речиси целосно од САД што според порталот е причина што почесто партијата своите средби ги има во американската амбасада во Скопје отколку во партиските простории.

Според „The Duran“ Беса се финансирана од кругови блиски на турските претседател Таир Реџеп Ердоган и оваа партија е обид на Турција да изгради нова алијанса меѓу балканските муслимани сунити со цел да создаде нео -отоманска мрежа на земји од Балканот лојални на Турција.

 

 

За многумина на меѓународната сцена ова е судир меѓу САД и Турција кој се води преку посредници а авторот овој политички конфликт македонскиот случај споредува со американското финансирање на курските борци во Сирија кои што за официјална Анкара се терористи.

Според „The Duran“ систематската корупција во албанскиот полиитчки корпус кој што е забележан во необјавените бомби на Зоран Заев може да создаде перманентна блокада во коалицијата само неколку месеци откако Заев ќе ја формира владата што , како што наверува порталот од многу Македонци се гледа како пат кон деструкција на Македонија и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

„The Duran“ е еден од најпопуларните американски крајно десничарски медиуми кој што често пати од либералните и левичарските медиуми и организации е обвинуван дека врши пропаганда за сметка на американската крајна десница и дека ги извртува фактите со цел зголемување на своето влијание.

SHARE