Ги убил 8-те роднини за 6 украдени кокошки

Ритван Зикај (24) кој убил осум членови на неговото пошироко семејство и ранил уште шестмина, го сторил тоа поради шест кокошки, пишуваат албански медиуми..

Осомничениот Зикај бил уапсен неколку килиометри подалеку од селото Ресуљај, 90 километри јужно од Тирана, по 12 часовна потера.

При апсењето бил сосема смирен и не покажувал емоции па албанските медиуми пренесуваат дека најверојатно се работи за ментално болно лице, но тој заклучок не е веројатен бидејќи за време на бегството комуницирал преку социјалните мрежи, па дури пратил и порака до премиерот Еди Рама.

 

 

Поради кражбата на 6 кокошки меѓу него и членовите на фамилијата имало спор и чести кавги.

Дента кога се случил настанот убиецот во пијана состојба со калашников влегол во нивниот дом и го извршил делото. Најпрво ги убил Демира Зукаја (75, брат од неговиот дедо), потоа неговата жена Ферија (72), двајца синови и внуците како и малолетната внука Сара (17) и внукот Леџона (9) а потоа ранил уште шестмина.