Тим на САД работи на спорот за името, не се очекува брзо решение

Помошникот државниот секретар на САД за Евроазија Вес Мичел вчера во Вашингтон потврдил дека “Дел од тимот на САД во моментов работи на прашањето за името а Америка продолжува да игра тивка улога заедно со ЕУ, Германија и останатите охрабрувајќи ги двете страни во прашањето за името со цел надминување на блокадата за да ја видиме Македонија да стане членка на НАТО”, изјавил Мичел во Вашингтон на настан на кој ја промовирал стратегијата на претседателот Трамп за Европа.

Според Мичел за сите овие прашања се троши многу енергија и многу време на дневна основа и САД се посветени но дел се многу стари и тој не очекува некое од нив да се реши целосно набрзо но смета дека се прави важен прогрес.

Освен за Македонија Мичел зборувал и за Србија и Косово и за Турција како најважен партнер на САД во војната со ИСИС.

SHARE

Comments are closed.