Тимотеј: МПЦ-ОА не се откажува од името „македонска“!?

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА,  Владиката Тимотеј, вели дека се класични шпекулации пишувањата на дел од печатот, дека Македонската православна црква била решена да се откаже од „македонска“ за да биде призната како автокефална и дека тоа е побарано со писмо до Цариградската патријаршија.

„Ние испративме писмо за решавање на статусот на МПЦ-ОА. Никој во МПЦ нема да се откаже, ниту барал какво било откажување од уставното име на МПЦ-ОА. Како некоја од грчките цркви нам ќе ни се обраќа е нивна работа, ние сме и Македонска православна црква и Охридска Архиепископија“, изјавил владиката Тимотеј, за порталот „Религија.мк“.

Дел од медиумите вчера објавија дека МПЦ и владата, односно премиерот Зоран Заев барале признавање на МПЦ за автокефална црква под името „Охридска и на јустинијана прима архиепископија“

„Од „Религија.мк“ појаснуваат дека оваа информација била лиферувана од грчкиот портал „Ромфеа“ кој само  го пренесува соопштението од Вселенската Патријаршија, каде се користи терминопт Охридска Архиепископија.

„Користењето на терминот Охридска Архиепископија од Вселенската патријаршија и избегнувањето на терминот МПЦ е сосема логично, бидејќи Вселенската патријаршија е дел од блокот грчки цркви, кои имаат проблем со придавката ‘Македонска’“, пишува „Религија.мк“.

1 Коментар

Оставете Коментар