Тинејџерка осудена за тероризам во Британија

Loading...

Британскиот суд прогласи за виновна досега најмлада терористка, член на екстремистичка ќелија во Британија.

Станува збор за 18-годишната Сафаа Булар, која заедно со нејзината мајка, сестра и пријателка, планирале терористички напад во Лондон пред да бидат приведени од полицијата.

Сафаа Булар, се запознала „онлајн“ со нејзиниот сопруг Навид Хусеин, британски државјанин, но и  борец на „Исламската држава“ во Сирија.

Нивната свадба се одржала преку интернет. Таа се обидела да замине од Британија но властите ја спречле и ѝ го одзџемале пасошот.

Знаејќи дека никогаш нема да може да се сретне со нејзиниот сопруг, таа одлучила да изврши напад на британската територија, а цел биле Британскиот музеј, како и штабот на британското надворешно разузнавање МИ 6.

Булар беше прогласен за виновен од страна на британскиот суд пред неколку дена, а судењето траеше повеќе од осум недели. Последните искази на обвинетите се очекуваат на 15 јуни.