Тирана ни соли памет а го блокира својот договор со Грција

Министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати деновиве е многу активен во лобирање за договорите меѓу Македонија и Грција и Косово и Србија.

Тој лобира Македонија да го парафира договорот од Преспа притоа давајќи им главна улога на Албанците во Македонија кои според него се одлучувачки фактор а молчи за договорот што неговата земја не може да го постигне со Грција.

Во моментов Албанија го блокира договорот со Грција во три точки: Не дозволува Грција да ги добие бараните позиции во Јонското море, одбива бришење на наводниот иредентизам во албанските учебници и ја блокира работата на историската комисија. Главниот проблем во овој дел е употребата на албански топоними и бришењето на геноцидот на Чамите во грчкиот регион што Албанија го нарекува Чамерија.

За Тирана како и за лидерот на ДУИ Али Ахмети не е проблем што Македонците ќе треба да се откажат од својата историја но проблем е што Албанија нема да смее да користи историски факти и топоними како Чамерија.

Лидерот на ДУИ веќе се согласи Албанците од Македонија да не ги користат овие топоними во улебниците на албански јазик во Македонија.

Во Албанија договорот уште од март формално го блокира претседателот Илир Мета кој смета дека е противуставен, но и владата на Еди Рама не инсистира на негово потпишување затоа што очекува огромни реакции од јавноста во пресрет на следните парламентарни избори.

SHARE