То Вима: Референдум што испишува нова историја на Македонците

Грчкиот весник „То вима“ денеска излезе со наслов кој говори многу.

„Денеска, 30 септември 2018 година, повторно се повикани македонските граѓани (името е привременото, со кое земјата стана членка на ОН во 1993 година, сé додека не се постигне дефинитивно решение за името) да гласаат на уште еден историски референдум чија цел е промена на уставното име на нивната држава во ‘Република Северна Македонија’“, пишува во коментар „То Вима“.

„Исходот од референдумот, се разбира, не ја загрижува само Грција каде што поголемиот дел од јавноста се противи на Преспанскиот договор, додека владата и опозицијата“ жестоко политички се пресметуваат.

Успешното завршување на процесот на решавање на прашањеето за името внимателно го следат и Американците и ЕУ, особено од некои земји-членки кои ставаат голем акцент на случувањата на Балканот“, пишува „То Вима“ .

SHARE