Тодоров: Немаше да има 27 април, ако немаше избор на Талат

„Народот беше гневен од начинот на избор на претседател (на Собранието) и пеење на албанската химна. Да не се случеше тоа немаше да се случи ништо дента “, сведочеше денеска поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, пренесе Нова ТВ.

Поранешниот министер  во владата на Никола Груевски, Никола Тодоров, денеска, меѓу другите, се појави како сведок на судењето на обвинетите за настаните од 27 април 2017 година.

„Според неговото сведочење, откако на 27 април 2017 година Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, кое според Тодоров, дел од пратениците го направиле во дел каде не требале да го направат, тој со дел од неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ се упатил кон кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски (…)