Тодоров ќе гласа „за“ ЕУ и НАТО, а „против“ договорот со Грција!?

„Македонија мора да е дел од НАТО и јас сакам да ја видам Македонија како дел од Алијансата. Во рамки на тоа е и мојот став“ вели поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Тој  го разгледал „ставот на партијата во однос на референдумот“ и вели дека има право да одлучи како што сака, ја пренесува МИА изјавата на претеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска уествувал на дебатата „Дебатираме за НАТО во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции.

„На овој референдум јас ќе излезам и ќе гласам „за“ ЕУ и НАТО, а против договорот. Некој ќе рече нема такво прашање, јас ќе речам има“ изјави Тодоров.

4 Коментари

  1. Сите што ќе гласаат ЗА на референдумот, ќе гласаат за НАТО и ЕУ, а против договорот со Грција. Или вака. Сите што ќе гласаат на референдумот ЗА, ќе гласаат против договорот со Грција, а за НАТО и ЕУ. Ретко ќе има толку сфесни што ќе гласаат и за НАТО и ЕУ и за договорот со Грција. Но само гласање ЗА, значи гласање за НАТО и ЕУ. Гласање против и бојкот, значи гласање против НАТО и ЕУ. Тоа и во НАТО и во ЕУ добро го знаат.

Comments are closed.