Томовска, Владо, Бени, Тамара, Дарио, Лоба и другите губат 4:1 на Јутјуб

Неверојатно негативен сооднос во лајкови и дислајкови има спотот поставен на Јутјуб во кој пее македонскиот пејачки крем за референдумот

До вчера во 22.40 минути сите ангажирани музичари во спотот со кој се промовира опцијата За на референдумот односно “Излези ЗА европска Македонија”, Виолета Томовска, Тамара, Владо Јаневски, Дарио, Дани, Лоба, Дац, Ориѓански, Бени… имаа само околу 180 лајкови.

Наспроти нив има околу 4 пати повеќе оценки спротивни на лајк со што оваа песна е една од најлошо оценетите на Јутјуб не само во Македонија туку пошироко.

А владата допрва ќе мора да открие колку пари им платила на авторите, изведувачите и другите музичари како и за правење на спотот.

Само за споредба за каква уметничка катастрофа се работи може да се види од последниот спот на Владо Јаневски “Главен град на тагата” на кој има 599 лајка и само 22 негативни оценки.

SHARE

Comments are closed.