Тортевски: Судот нема избор, правосудството прими премногу нарачки

Во гостување на адвокатот и екс-советник во СЈО Александар Тортевски на 1 ТВ кај Сашо Ордановски минатата недела тој говореше за проблемите на македонското судство.

Според него затоа што не се направени никакви реформи судот сега нема избор и затоа ќе бидат направени многу процедурални грешки.

Во емисијата се зборува и за процесот за 27 април каде што досега неа направени низа процедурални грешки за кои реагираа и независни експерти и невладини организации кои тврдеа дека се прекршени европските стандарди и кои не исклучуваат дека прекршувањњата на човековите права на обвинетите можат да ќе доведат до повторување на судењето.

Тортески кој е еден од најдобрите македонски адвокати индиректно признава дека дел од обвинетие за случајот 27 април се судат по нарачка од актуелната власт.

На прашашето на водителот Ордановски дали правдата во Македонија е преспора или пребрза Тортевски одговара:

„Знаете, тоа е истото правосудство во Македонија против кое што војуваме со години, и истите се законите по кои што се постапува, нема реформи, ништо не се случува во таа насока, и веројатно можам да кажам дека веројатно ќе бидат направени доста процедурални грешки во тоа би рекол брзање, меѓутоа, знаете, тоа е како една фирма која што одеднаш прима многу нарачки, не може да ги врати клиентите, и се нафаќа да го испорача производот, значи судот нема избор.“

Видеото на следниот линк на 1тв

SHARE