Светска средба на бугарски медиуми утре во МАНУ

Секоја година Бугарската телеграфска агенција традиционално организира Светска средба на бугарските медиуми на различни места во Бугарија, регионот и светот, а оваа година за средбата е избрано Скопје, изјави генералниот директор на БТА, Максим Минчев во интервју за МИА.

Традицијата на ваквите средби е воспоставена во 2005 година, а досега се одржале, меѓу другите, во Софија, Варна, Пловдив, Чикаго, Рим, Мадрид, Атина, Хаг,Прага…а минатата година во Кишињев, Молдавија.

Минчев вели дека уште пред една година било одлучено годинашнава средба на бугарските медиуми да биде или во Торонто, Канада, или во Скопје.

Оваа пролет, вели тој, беше избрана „пријателската престолнина на Македонија“, бидејќи за време на бугарското претседателство на ЕУ главна тема беше Западен Балкан.

Средбата, како што пренесува МИА, треба да се одржи во просториите на МАНУ.

„Пред шест месеци ги утврдивме датумите, но не очекувавме оваа есен во Македонија да биде толку жешка“, велидиректорот на БТА.

Целото интервју на Минчев за МИА на следниот линк.