Трајкоска: Експерти да не плукаат, познавачи да не навредуваат

Првиот човек на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајковска вознемирена од нетолеранцијата на провладините креатори на јавното мислење во спорот со Грција кон тие што не прифаќаат промена на името.

“Зошто луѓето т.н. експерти/познавачи на тематиката преговори или менување на името на Македонија, се спремни да го навредуваат соговорникот, да плукаат по тие што не се согласуваат со нив, или кои се против менување на името?

Дебатите се сведуваат на зборување за себе и тие што се на дебатата, а не а темата во емисијата?! Толку ли имаме кратко сеќавање дека во претходниот период имавме “експерти” кои беа фатени како “пијани за плот” за главните пораки на владеачката партија и беа главни стожери на вмровската пропаганда. Ние сите им се смеевме и ги критикувавме. Каде бе вака?!

Плурализам бе луѓе, плурализам на мислења, ставови, различни мислења и аргументи без плукање, лични гадинки и без бранење на политички ставови. Содржина ни треба, содржина.
Еве јас да си кажам. Јас сум против менување на името во некакво квази и “креативни” имиња од Илинден…

Крушево итн. Против ерга омнес, против непреводливи термини, протов квази кованици, против менување на име на јазик и народ.

Свесна за фактот дека мораме веројатно да го смениме името, тоа на крај треба да биде со најмалку штета, со минимум достоинството и цврст македонски идентитет. И РЕФЕРЕНДУМ.

Криминалот и штетата на претходната власт нема да се намалат со менување на името, нити ќе ги решат нашите проблеми.

Кој од нас верува во иднината на Република Македонија?

Кој политичар верува дека можеме без патронат од други земји да опстоиме и да преживееме? Колку од нив може без флоскулите за НАТО и ЕУ да ни објасни на нас граѓаните каде ја гледа Македонија за 5 до 7 години?!

Да почнеме со барање одговори на овие прашања”, предлага Трајковска.

12 Коментари

  1. Трајкоска, ние МОРАМЕ да го решиме проблемот со разликата околу името, затоа што Советот за безбедност ЕДНОГЛАСНО побара од нас да се најде решение за тој проблем и тоа во преговори со Грција, како што самиот Совет за безбедност вели : ПОРАДИ ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ!!! Истото тоа од нас го бара (ЕДНОГЛАСНО) и Генералното собрание на ОН. Значи, ние не „го менуваме името“ за да „се намали криминалот и штетата на претходната власт“, нити „за да се решат нашите проблеми“, туку поради тоа што Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН го бараат тоа од нас, поради како што се вели во Рез. 817 – зачувување на мирот и добрососедските односи во регионот. Ние сме ДОЛЖНИ да ги спроведуваме барањата на Советот за безбедност кои се овластени да го чуваат мирот во светот.

    • Каде Ти гледаш реченица во Рез. 817 „ПОРАДИ ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ ВО РЕГИОНОТ”! Такво нешто нема во рез.817! Нема ниту во рез. на Генералното собрание на ООН. И не беше едногласно, прочитај за ова!
      Престани да измислуваш и лажеш. Научи англиски!

    • Хаха, „еден„, не разликува ПРЕПОРАКА од ОДЛУКА Рез. 817 е само ПРЕПОРАКА, и не е задолжителна за Генералното собрание на ООН. Во Одлуката на Генералното собрание со која се примаме во ООН 47/225, нема одлука за ПРЕГОВОРИ туку само за РЕФЕРЕНЦАТА ПЈРМ: “UNGA 1993. Decides to admit the State whose application is contained in document A/47/876-S/25147 to membership in the United Nations, this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”.
      Така да треба да се дерогира само ова ГС Рез. 47/225., и наместо референцата се става уставното име РМ.
      Заклучок: Игор Јанев е во право, а ова е потврдено и во светската правна наука. види SCI.
      Види и случај со Ерусалим во ГСОН.

      • Еве и ПРЕПОРАКА Рез. 817 (RECOMEND):2. “Recommends to the General Assembly that the State whose application is contained in document S/25147 be admitted to membership in the United Nations, this State being provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State; ”
        Нема никаква ОДЛУКА, туку само ПРЕПОРАКА до ГС на ООН без обврски.

        Поздрав до сите!

        СЕКОЈ ИМА ПРАВО НА СОПСТВЕНОТО МИСЛЕЊЕ.

        МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВАМЕ.

        КОНЕЧНО СИТЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ.

        СЕ ВИ Е ПРОСТЕНО.

  2. Трајкоска: „ Експерти да не плукаат, познавачи да не навредуваат“ не се однесува на оној кој се потпишува со различни имиња на коментарите, а овде потпишан како „macedonianvoice“. Според неговите коментари тој воопшто не е нити експерт, нити познавач, така да ова од Трајкоска за него не важи.

    • Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни.
      “Еден” оди си на лекување во лудница, имаш тежок вид на параноја и шизофренија. Имаш халуцинации.

      Кога ќе падне од власт ќе Ти се придружи во лудница и твојот шеф Заев, повеќе години болен од Биполарно растројство.

  3. А верувате ли дека референдумот, ако дојде до него, нема да биде фалсификуван по желба на меѓународната банда, пардон заедница.

Comments are closed.