Трајкоска: МОЛКОТ е толку гласен што ни ги пара ушите!

Првиот човек на Институтот за Комуникациски студии Жанета Трајкоска прашува дали некого фаќа срам и зошто е молкот толку гласен.

Трајковска го поставува прашањето на денот кога почина младиот “комита” Саздовски најверојатно во меѓуетнички инцидент и на денот кога се открива дека Македонија на самитот во Брисел ќе добие само условена покана, но таа не прецизира за што точно се обраќа кон, нејверојатно, властите во Скопје и луѓето од јавниот живот што работат или го поддржуваат премиерот Заев.

“Сега, барем трошка срам дали ве фаќа? Или се уште ќе се правите недоветни, со цврсто затворени очи и во ниту еден случај нема да се свртите таму каде што ќе треба да ги поставите вистинските прашања?

Ќе се удавиме во дволичност, дупли стандарди и клиентелизам.

МОЛКОТ е толку гласен што ни ги пара ушите!
Сите МОЛЧИМЕ! Некои од нас се покриени со срам, а другите се неподвижни од клиентелистичката маст во која речиси удобно и неповратно се вкопани.

На крај, сите ќе се удавиме”, пишува Трајкоска која важеше за остар критичар на владењето на ВМРО – ДПМНЕ.