Трајковска: Директорот лично ги примаше нарачките од режимот

Новинарката на новатв.мк Соња Трајковска денеска коментира состојби во една национална телевизија и открива дека директорот на таа телевизија кој денеска се оградил од пропагандата на медиумот за време на предходната влада бил тој што ги спроведувал партиските нарачки.

“Читам еден директор на една тв се извинувал нешто режим, ова она, не бил он надлежен бла бла. Епа чекај “дада” да му каже нешто.

Прво, тој лик, лажно се претставува дека бил новинар. Не бил. Бил водител во МТВ. За да биде новинар е неписмен. Второ, лаже се што кажал, бидејќи лично од него доаѓаа сите нарачки од режимот, што ги добиваше на меил, пикаше пропагандни вести, вадеше вести по нарачка.

Сведок не сум само јас, туку еден куп луѓе. И трето, неговото пријателство со Суле и Центарот за комуникации беше толку големо што жена му од Телма, ко непријателска средина во време на режимот, ја вработи во Министерство за информатичко општество.

Единствено од се е точно дека имаше режим, а тој лично беше тој што го спроведуваше во телевизијата, со нај ингеренции. Казнуваше, намалуваше плати, па дури и се закануваше дека “ако не смениш матрица, ќе си одиш”.
Неговово однесување сега има вулгарно име. Нек си го носи. Она другото име, немам намера да му го спомнам. Под ниво ми е”, пишува револтираната која работела во телевизија за чиј директор пишува.

Трајковска не открива за кого точно се однесува коментарот.

SHARE