Трајкоска: Не плашете го народот со конфликт

Првиот човек на Институтот за комуникациски студии Жанета Трајкоска апелира во кампањата да не се плашат граѓаните со војна

“Два дена гледам нон стоп ТВ и се што се дава за референдумот, од вести до дебати. Една добронамерна забелешка.

ПРЕСТАНЕТЕ да ја користите стратегијата на ширење страв и да ги плашите граѓаните дека без НАТО државата ќе ни се распадне или ќе имаме конфликт. Предизвикувате контраефект и отпор кај се поголем број Македонци.

Што значи тоа? Дека никого во државава не го бива да има држава? Дека не сме кадарни да ја задржиме Македонија после сите шитови од ’91 до денес?

Дека државата нема стратегија Б..В…план за себеодржување ако референдумот е неуспешен? Ширејќи језа и уплав дека небаре веднаш ќе пропаднеме, создавате атмосфера дека Македонците ќе бидат принудени од страв да излезат да гласаат и наместо да се радуваат на успешен референдум и да го слават како ПОБЕДА (што треба да е цел на секоја ваква кампања), тие ќе го доживеат референдумот како нужно зло, а некои и како уште еден пораз во низата.

Бидете #позитивни и со #победнички пораки, а не со застрашувачки и напати заканувачки пораки дека не не бива ни носот да си го избришеме. Посетите на пола Европа треба да се врамат во победничка рамка, а не во онаа на која сме навикнати, дека ќе не влечат и контролираат, да не речам дека ќе не камшикуваат оти сме некадарни.

Покажете го победничкиот дух, тоа го чекаат Македонците и сите други македонски граѓани.
Еден наш Министер вика #ЌеНеБиде. Епа покажете ни дека навистина верувате во себе и нас.
И секако објаснете ни ги промените во Преамбулата на РМ”, им порачува на учесниците во дебатата за референдумот експертот за комуникации Трајковска.

SHARE