Трамп: Ајде пак да ги обвиниме Русите

Во сојузните држави Флорида и Џорџија, продолжува пребројувањето на гласовите на изборите за гувернери на последните избори.

Демократските  кандидати бараат пребројување на гласовите, тврдејќи дека некои гласови не влегле во крајниот резултат.

Американскиот претседател Доналд Трамп иронично изјави дека за недоследностите во пребројувањето на гласовите на изборите веројатно треба да се обвини Русија.

„Значи,  тие откриваат гласови во Флорида и во Џорџија, а изборите беа во вторникот? Да ги обвиниме Русите и да побараме од претседателот Путин итно да се извини“, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот специјален обвинител, Роберт Милер, како и двата дома на американскиот Конгрес, ја испитуваат наводната вмешаност на Русија на претседателските избори во 2016 година.

Милер, истовремено, води истрага за наводните врски помеѓу Трамп и Русија.

SHARE

Оставете Коментар