Трамп: Ако ме соборат, ќе бидете многу сиромашни

Ако ме соборат од власт, пазарите ќе пропаднат, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трам, пренесе Франс прес.

„Ако некогаш бидам соборен, мислам дека пазарите ќе пропаднат и секој ќе стане сиромашен“, рече Трамп, одговарајќи на прашање на телевизија „Фокс њуз“ и изрази чудење како може да се смени од власт некој кој прави „супер работа“.

Притисоците врз американскиот претседаел се зголемија откако неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен под заклетва изјави дека, на инсистирање на Трамп, го купил молчењето на две наводни негови љубовници во 2016 година

Коен, обвинет за кршење на законот за финансирање на изборите, склучи со властите договор да се изјасни за виновен, што може да го присили да соработува со специјалниот обвинител дали имало руско мешање во американските претседателски избори.

Белата куќа вчера уверува дека Трамп „ни најмалку не е загрижен“ околу евентуалните откритија кои би можел да направи Мајкл Коен.