Германија ѝ плаќа на Русија за изградба на гасоводот „Северен тек-2“, но во исто време го моли Вашингтон за заштита од Москва, револтирано изјавил американскиот претседател Доналд Трамп пред своите приврзаници во државата Илиноис.

„Ги прашав: зошто Германија плаќа милијарди долари на Русија, а ние треба да ја заштитиме Германија од Русија?”, Рече тој и потсети дека европските земји оцениле дека тој за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки се однесувал „премногу меко”.

Со проектот „Северен тек-2“ се предвидува изградба на две делници со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Нафтоводот ќе ги поврзува Русија и Германија по дното на Балтичкото Море. Гасоводот, проценет на 9,5 милијарди евра, ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2019.

SHARE

Оставете Коментар