Трамп ја искара Тереза Меј, ќе тера пријателство со Путин

Во интервју за високотиражниот лондонски „The Sun“ американскиот претседател ја искара британската премиерка Тереза Меј дека де го послушала околу „брегзит“ (напуштањето на ЕУ) и дека со „мекото заминување“ од Унијата ги „убила“ шансите за иден трговски договор со САД.

Трамп ја обвини британската премиерка Тереза Меј дека го „уништила Брегзит“ и додаде дека секој нејзин обид да задржи блиски односи со Европската унија ги намалува шансите за профитабилен трговски договор со САД.

„ Ако склучат таков договор (со Унијата), тогаш ние ќе работиме со ЕУ наместо да работиме со Британија, така што тоа веројатно би го уништило договорот“, рече Трамп во интервју за британски „Сан“.

Тој тврди дека Меј го игнорирала неговиот совет определувајќи се за стратегијата на „мек Брегзит“. На прашањето дали навистина британската премиерка ја нарекол „наставничка која сака да наредува“, Трамп рече дека тоа е „лажна вест„ на „Вашингтон пост“.

Тој исто така рече дека поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон, кој даде оставка поради „мекиот Брегзит“, би бил „одличен премиер“.

Трамп, кој е познат дека нема „влакна на јазик“ попатно им подели „воспитни“ на домакините со кои се среќава денеска.

Дека, лидерите на ЕУ работат на уништување на својата култура и идентитет, со прием на милиони мигранти

Дека градоначалникот на Лондон, Садик Кан, не прави ништо против терористите

Дека ќе ги одржува врските со рускиот „тиранин’ (како што го нарекува The Sun) Владимир Путин и покрај труењата во Солцнери“ со „новичок“.

Оставете Коментар