Најбизарен момент на средбата меѓу Доналд Трамп и Ким Јонг-ун во Сингапур, бил оној кога американскиот претедател на севернокорејскиот колега му го покажал автомобилот во кој се вози, а го нарекуваат „ѕвер“.

Станува збор за оклопно возила маскирано во лимузина.

Според „Дејли меил“ Трамп му ја  овозможил на Ким „да ѕирне“ преку отворена задна врата во внатрешноста на специјално дизајниранииот „Кадилак“ и да ја види внатрешноста бна претседателскиот втомобил кој чини, 1,5 милиони долари.

„Дејл Мејл“ пишува дека Трамп очигледно имал намера да го импресионира неговиот колега, но според изразот на лицето на Ким Јонг-ун, не може да се заклучи дека тој бил многу воодушевен.

SHARE