Американскиот претседател Доналд Трамп, во видео од обраќањето на Генералното собрание на ОН споделено од Белата киќа на Твитер, меѓу другото вели:

„Ние веруваме дека кога нациите ги почитуваат правата на нивните соседи и ги бранат интересите на нивниот народ тие можат подобро да работат заедно за да ги осигураат благодетите на безбедност, просперитет и мир.

Секој од нас, овде, денес, е емисар од различна култура, богата историја, соединети со врските на меморијата, традицијата и вредностите кои ги прават нашите земји единствени на планетата.

Затоа САД секогаш ќе претпочита независност и соработка пред глобално владеење, контрола и доминација.

Ги почитувам правата на секоја нација во оваа сала да ги уживаат сопствените обичаи, верувања и традиции.

САД нема да ви кажат како да живеете, да работите или да се поклонувате . Само бараме да го почитувате нашиот суверенитет за возврат“.

 

SHARE

Comments are closed.