Трамп номиниран за „Нобелова“ по помирувањето со Северна Кореја

Двајца норвешки пратеници го номинирале американскиот претседател за Нобеловата награда за мир, соопштија вчера, по „историскиот самит“ со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун.

„Ова што се случува е историја“, изјавил Пер Вили Амундсен за норвешката телевизија НРК.

Претходно, и група американски конгресмени јавија дека го номинирале Доналд Трамп за најпрестижната награда во светот.

За Нобелова награда за мир за 2018 досега има 329 номинации.

Оставете Коментар