Американскиот претседател предвидува дека „Њујорк тајмс“ и  „Вашингтон пост“ ќе банкротираат по 7 години бидејќи шират лажни вести.

„Социјалната мрежа на Твитер со рекордно темпо се ослободува од лажни акаунти. Дали тоа ќе ги вклучи и акаунтите на весникот кои шири лажни вести  ‘Њујорк тајмс’, а исто така и пропагандистичката машина на компанијата ‘Амазон’ весникот “Вашингтон пост’, кој постојано се повикува на непостоечки анонимни извори? Двата весници ќе банкротираат по 7 години“, напиша Трамп на „Твитер“.

Повод за „твитот“ веројатно е информацитата од петокот дека во изминатите два месеци социјалната мрежа „Твитер“ блокирала над 70 милиони лажни и сомнителни сметки кои ширеле лажни информации.

Лани во март, американскиот претседател го нарече „Њујорк тајмс“, но и телевизиите Си-ен-ен, Ен-Би-Си, Си-Би-Ес и Еј-Би-Си „непријатели на американскиот народ“.

Оставете Коментар