Трамп сака Америка да владее со вселената!

Американскиот претседател вети американска доминација на Месечината и на Марс, како и во целиот Космос.

„Америка секогаш ќе биде прва во вселената“, рече Доналд Трамп за време на говорот во Белата куќа. „Не сакаме Кина или Русија, или која било друга земја да биде пред нас. Ние сме секогаш први“, додаде тој.

Претседателот на САД повика Пентагон да создаде нова „вселенска сила“ која ќе стане шести огранок на американската армија, но за да влезе во сила овој предлог треба да биде одобрен од Конгресот.

„Кога станува збор за заштита на Америка, не е доволно да имаме само американско присуство во вселената, треба да имаме американска доминација во вселената“, рече уште Трамп.