Трамп се самопрогласи за гениј!

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу стабилен гениј“ и прогласи „сопствена“ победа на крајот на Самитот на НАТО.

„Многу сум доследен, јас сум многу стабилен гениј“ рече Трамп според којСамитот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го барал – повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата откако НАТО членки ветија дека ќе го зголемат финнсиското учество.

За  претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, Трамп рече дека  Русија е конкурент, а за Путин рече дека му е „ривал“.

„Дали ми е непријател? Не ми е непријател… Се надевам дека можеби еден ден ќе ми биде пријател. Едноставно не го познавам доволно добро“ рече Трамп.

Оставете Коментар