Трампа за договор: Северно Косово за Прешевска долина!?

Сега е моментот за голем историски договор меѓу Србија и Косово, кој ќе предвидува и „корекција на границите“ и доколку во следните неколку месеци не се постигне, двете земји ќе продолжат да имаат нерешени односи, изјавил Хашим Тачи на вчерашната средба со  претставници на САД, ЕУ, ОБСЕ, КФОР и ЕУЛЕКС.

„Не можеме да стоиме во место, во пат позиција. Нема што да чекаме“.изјавил косовскиот претседател, според кој договорот би предвидувал взаемно признавање, по што Косово ќе биде биде признато и во ОН.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со Тачи го отвори прашањето за менување на границите, не прецизираше што тоа би значело, но се претпоставува дека двајцата претседатели разговараат за припојување на мнозински српскиот север на Косово кон Србија, додека Косово би ја добило Прешевската долина. Тачи ја отфрлил опасноста ваквиот потег да предизвика поголеми тензии во регионот и повици за менување и на други граници“, дознава МИА.

1 Коментар

  1. Nema da ima razmena na teritoriji, no vo igra e eventualno razmena na naselenie, Srbi od Kosovo vo Srbija, a shiptari od Srbija vo Kosovo I Metohija!
    Sever od KIM mozhe teritorijalno da se spoji so Srbija.

Оставете Коментар