Транскрипт од седницата на Собранието на која беше сменето знамето, 2 дена по атентатот на Глигоров

Пред 23 години на денешен ден македонското Собрание го смени државното знаме со ѕвездата од Кутлеш и го воведе актуелното знаме.

Седницата се случила само 48 часа по извршениот атентат врз тогашниот претседател Киро Глигоров и во услови кога поради предходен бојкот на изборите во Парламентот немаше македонска опозиција.

СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ

од Дваесет и седмата седница на Собранието на Република Македонија одржана на 5 октомври 1995 година

Седницата се одржа во просториите на Собранието, сала 1 со почеток во 12,40 часот.

Седницата ја отвори и со неа раководеше Стојан Андов, претседател на Собранието.

СТОЈАН АНДОВ:
Молам, повикајте ги сите пратеници да влезат во салата и да седнат на своите места. Треба да

СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од Дваесет и седмата седница на Собранието на Република Македонија одржана на 5 октомври 1995 година

Седницата се одржа во просториите на Собранието, сала 1 со почеток во 12,40 часот.
Седницата ја отвори и со неа раководеше Стојан Андов, претседател на Собранието.

СТОЈАН АНДОВ:
Молам, повикајте ги сите пратеници да влезат во салата и да седнат на своите места. Треба да почекаме да дојде претседателот на Владата. До неговото задоцнување дојде поради непресметаните поместувања на почетокот на седницата, на нашата седница. (пристигна претседателот на Владата г-дин Бранко Црвенковски.)

Дами и господа пратеници, ја отворам Дваесет и седмата седница на Собранието на Република Македонија.

Пратениците Киро Поповски и Јован Лазаров ме известија дека од оправдани причини не се во можност да присуствуваат на седницата.
Констатирам дека на седницата присуствуваат мнозинството пратеници на Собранието и Собранието може полноважно да одлучува.

Ве молам со едноминутно молчење да му одадеме почит на Ацо Спировски, возач на претседателот на Републиката, кој трагично го загуби животот во атентатот извршен врз претседателот на Република Македонија, вршејќи ја својата должност.

Слава му.

На седницата поканети се претседателот и членовите на Владата на Република Македонија.
I/2 ПЈ/ЈШ

Со оглед на значењето на прашањата што се предлагаат за разгледување на оваа седница, предлагам да не се дополнува дневниот ред и да не се поставуваат пратенички прашања. Пред да го дадам предлогот на гласање, само да ве потсетам како што и беше објавено, јас не учествувам во гласањето сега на Собранието.

Кој е за овој предлог, молам, да крене рака?

111 пратеници гласаа за.

Дали е некој против? (не)

Дали некој се воздржува од гласање? (не)

Констатирам дека предлогот е усвоен.

Според тоа за денешната седница го предлагам следниот дневен ред:

1. Предлог на декларација на Собранието на РМ.
2. Предлог за донесување закон за знамето на РМ, со Предлог на закон.
Кој е за предложениот дневен ред, молам да крене рака.

113 пратеници гласаа за.

Дали е некој против? (не)

Дали некој се воздржува од гласање? (не)

Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред.

Минуваме на точка 1 – Предлог на декларација на Собранието на РМ.

Предлогот на декларацијата, пречистениот текст ви е поделен.

Отворам општ претрес.

Дозволете ми претходно да го прочитам текстот, бидејќи е сега поделен.

“Собранието на РМ врз основа на член 68, став 2 од Уставот на РМ, а по повод атентатот врз претседателот на РМ г-дин Киро Глигоров извршен на 3 октомври 1995 година, на седницата одржана на 5 октомври 1995 година донесе декларација:

1. Собранието на РМ го осудува атентатот врз претседателот на РМ г-дин Киро Глигоров и го оценува како терористички чин и брутален обид за отстранување на најмаркантната личност на нашата денешнина и за спречување на курсот на македонската држава кон нејзината консолидација и придржување кон европските и светските интеграциони процеси.
Исто така Собранието оценува дека атентатот претставува акт против разумот и мировните процеси во регионот и против сите сили кои се залагаат за тие процеси и во нив гледаат единствена алтернатива за Балканот како регион на мирот, демократијата и на меѓусебната соседска соработка и доверба.

2. Собранието на РМ истакнува дека нема сили кои што ќе ја спречат РМ доследно да го остварува патот за кој се определи со Уставот и другите акти како израз на волјата на граѓаните, но и како нужна ориентација за сообразување на развојот на Републиката со потребите што ги наметнува современиот развој на демократијата и човештвото. Затоа, РМ цврсто ќе опстои на својата европска ориентација, на спремноста за соработка со сите демократски ориентирани земји во светот и особено определбата за развој на добрососедски односи на покренување и поддржување на иницијативи за јакнење на мирот во регионот и зацврстување на меѓусебната доверба меѓу државите на ова подрачје.

Република Македонија цврсто останува на основните уставни определби за своето внатрешно уредување, за меѓуетничката и верска толеранција, заедничкиот живот и меѓусебна доверба и почитување.

3. Собранието на Република Македонија им изразува бла- годарност на РМ за нивната јасна и еднодушна осуда на злосторничкиот I/4
атентат врз претседателот на РМ г-дин Киро Глигоров и изразува задоволство заради довербата што ја искажуваат кон уставните институции на државата.

Собранието на РМ изразува благодарност на раководствата на верските заедници на РМ за еднодушната осуда на злосторничкиот акт против претседателот на РМ г-дин Киро Глигоров.

Собранието на РМ, исто така, ја цени конструктивноста на политичките партии кои го осудија злосторничкиот акт против претседателот на РМ, со што тие јасно се декларираа дека своето постоење и делување го поврзуваат; за развојот на демократските процеси, мирот и функционирањето на институциите на правната држава како трајни уставни и цивилизациски вредности.

Истовремено, Собранието на РМ укажува на потребата политичките партии и нивните лидери во настанатите околности да не дозволат во нивните настапи и делувања одредени авантуристички настроени поединци и групи да најдат поттик за непромислени активности.”

4. Собранието на РМ ја изразува својата благодарност за осудите на овој гнасен терористички акт искажани од страна на огромен број на државници, политички лидери и истакнати јавни личности од странство.

Собранието на РМ особено ги цени нивните желби за брзо закрепнување на претседателот на РМ г-дин Киро Глигоров и за негово скоро враќање на извршување на своите претседателски должности.

5. Собранието на РМ ја изразува својата благодарност на експертите на хируршките клиники при Медицинскиот факултет во Скопје на другиот медицински персонал од клиниките, на експертите и персоналот на Градската болница во Скопје и на сите експерти и медицински екипи од странство за нивниот високо професионален и високо етнички однос во укажувањето на медицинската помош на претседателот на РМ.

I/5
Собранието на Република Македонија им се заблагодарува на државните органи, на оние земји што испратија и што понудија експертски екипи со цел да му се помогне на претседателот на РМ.

6. Собранието на РМ очекува надлежните органи на РМ брзо и ефикасно да ја спроведат започнатата истрага, да ги откријат организаторите, наредбодавачите, и извршителите на овој гнасен чин. Ефикасноста на извршувањето на овие задачи ќе влијае на трајната стабилност и безбедност на Република Македонија и ќе биде доказ за цврстината и зрелоста на државата во
спроведувањето кон секакви обиди на тероризам.

7. Оваа декларација да се објави во Службен весник на Република Македонија.

Молам кој бара збор? (никој)
Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам општиот претрес.
Отворам претрес по текстот на Предлогот на декларацијата
Молам, кој бара збор? (никој)
Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот по текстот и Предлогот на декларацијата го ставам на гласање.
Кој е за, молам да крене рака?
116 пратеници гласаа за.

Дали е некој против? (не)
Дали некој се воздржува од гласање? (не)
Констатирам дека Собранието ја донесе декларацијата на Собранието на Република Македонија.

Ве молам ова да го поздравиме.

(Бурен аплауз)
I/6
Минуваме на точка два – Предлог за донесување закон за знамето на РМ, со предлог за закон.
Предлогот за донесување на законот, со Предлогот на законот, извештаите на работните тела на Собранието и мислењето на Владата Ви се доставени односно поделени.

Ви укажувам на редакциската исправка содржана во извештајот на ЗПК , ве известувам дека согласно член 5, став 2 од Уставот на РМ овој закон се донесува со дво третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Отворам претрес по предлогот на донесување на законот.

Молам, кој бара збор?
Господинот Рамадани.

САЛИ РАМАДАНИ:
Денеска и покрај моето барање на 25 седница ова Собрание, бидејќи е закажано атхок седница, па се изгледа дека претседавачот нема уште подготвено ни технички средства, симултативен превод а ни физички обичен превод. Поради состојбата после атентатот врз претседателот на Република Македонија г-дин Киро Глигоров и денеска на македонски јазик. Доставен ми е предлогот за донесување закон за знамето на РМ, со Предлог на закон. Овој предлог ни се доставува толку итно, толку со дим и завеса, толку импонирано што и самите пратеници, односно 86, а сега 93 изгледа се наоѓале пред свршен чин. Се бара некако да се доведуваат другите, а и моите скифтери, дури и јас. Меѓутоа, јас лично овој начин на импонирање не сум го прифатил никогаш во животот па нема да го прифатам и денес.

I/7

Прво, со овој, на овој начин на притисок од една странска нешто појака држава со помошта на интернидијаторот значи на една велесила Владата на РМ, односно Министерството за надворешни работи, односно министерот на ова Министерство под невиден и недозволен притисок, или пак манипулирање ставија односно ставил потпис на една времена спогодба и тоа како странка инкогнито, без име, без уставното и меѓународното име , така што н еможе да се знае за кои странки, односно за кои држави се работи. Значи, само за да не се спомнува името на нашава Република Македонија, Грција се одрекла формално и моментално во оваа времена спогодба од своето име. Ете, сега кога веќе погрешил потписникот веднаш пред да се врати дома, наместо да се консултираше порано на брз и перфиден начин така наречена иницијатива божем на некои пратеници од некои пратенички групи, па им се наметнува и овој предлог за донесување на закон за знамето на РМ со Предлог на закон. Со тоа и Владата и Министерството и божем коалиционите партии, па еве сега и државата откажаа од сите програмски и платформски определби, го измамија народот, т.е. и сопствениот народ, па сега трка сето ова да се санкционира и од Собранието на РМ. Затоа, предлагам овој предлог да не се прифаќа и цела процедура да се врати повторно таму каде и е местото.

Второ, ако случајно веќе или бидејќи е веќе прифатен предлогот можеби за донесување на закон за знамето на РМ, тогаш во исто време би требало да се донесе еден заеднички закон, т.е. закон не само за знамето , но закон за знамињата на РМ . Зошто да не. Во 1984 година беше донесен закон за употребување на знамињата во СРМ. Што е сега со тој закон. Дали е аброгиран, дали е во сила формално но не се спроведува. Наместо доследно спроведување на уставните и законските одредби формално и преку европската експертиза односно експортира за употребата на националното зваме на албанците, десетина албанци беа осудувани и на казна затвор, а сега има осудувани со парична казна, а некои уште бес правосилно решение за прекршоци. Затоа и поради овие причини овој предлог за донесување на закон за знамето на РМ со Предлог на закон да не се прифаќа и покрај и овие причини да се врати на повторна почетна процедура и да се состави и достави предлог за донесување на закон за знамињата на РМ со Предлог на закон. Само на овој начин ќе бидеме сите рамноправни, еднакви, а не дискриминирани во оваа мултинационална, мултиетничка и мултиконфесионална држава Република Македонија. А дотогаш да се договориме многу сериозно да донесеме еден закон за заедничкото знаме на РМ, т.е. државно знаме. Додека македонците ако сакаат да конструираат едно заедничко национално знаме по нивната заедничка се македонска желба, кои веќе албанците го имаат со векови. Во материјалот, кој ни е доставен во името на 86, односно сега 93 пратеници овој пат како предлагачи во предлогот за донесување на закон за знамето на РМ, со Предлог на закон ако му се направи една посериозна анализа, односно коментирање уште по првиот дел т.е. кај причините, поради кои треба да се донесе законот,…
(реченицата продолжува во следната смена, II/1 НН/НД)

II/1 НН/НД САЛИ РАМАДАНИ: (Продолжение)
Уште во првата реченица ќе се види веднаш политичката игра и голема измама на сите национални колективитети, на сите граѓани на Република Македонија, па и на општата јавност. Цитирам дословно “Република Македонија потпиша времена согласност за нормализирање на односите меѓу Република Македонија и Република Грција”, додека на крајот на привремената согласност, по текстот на англиски јазик потпишан, а на македонски јазик непотпишан стои дословно “Стево Црвенковски”, претставник на втората страна.

Ве молам каде е тука Република Македонија. Па, тука нема ни име на функцијата министер на Владата, а камо ли уште и првата власт,т.е. законодавната да би се третата, со третата да сочинуваат државата т.е. Република Македонија, па (сиц).

Понатаму, цитирам повторно во првиот дел, причините “Република Македонија презеде обврска на било каков начин да не го користи симболот во сите негови форми што е истакнат на последното знаме утврдено со Законот за знамето на Република Македонија”, (“Службен весник на Република Македонија” број 50/92 година).
Значи, прво е прекршен на безкурпулозен начин Уставот на Република Македонија. Тоа е членот 5,па потоа и досегашниот закон. Знаете мои драги пријатели дека пред оваа држава и пред овие народи, пред граѓаните за неспроведување на уставните и законските одредби се одговара и кривично. И така треба сега. Одговорноста таа кривична одговорност треба да ја преземаат претставниците на ова Собрание на овој Парламент. Вие можете и сите ако треба, а пратеникот Сали Рамадани не. На вас другите можеби, не на сите кон можеби ќе гласате за предлогот за донесување на Законот за знамето на Република

II/2
Македонија. Не вие, нека ви е за аир одговорноста односно прекршувањето на Уставот и Законот и нешто повеќе од тоа, а народот нека проценува, нека оценува, нека осудува.
Понатаму, во вториот дел, во основни начела врз кои се заснива законот па доследно стои: “Предлогот за донесување на законот за знамето на Република Македонија се заснива врз историско културната традиција и општо прифатливоста на знамето од граѓаните на Република Македонија”. Напротив, со ова така наречената историско – културна традиција се прекршува катастрофално, додека ако ова се смета општа прифатливост на граѓаните тогаш поима се нема за тоа што е тоа општа прифатливост. Тоа треба да биде референдум за знамето,а не да им се наметнува на овој начин на граѓаните, повторно во заграда (сиц).
Ова се доволно причини да ова Собрание не го прифати овој предлог за донесување на закон за знамето на Република Македонија и да ги прашува граѓаните на Република Македонија.
Прво, дали се согласуваат да се промени знамето на Република Македонија и ако случајно одговорат позитивно какво постојано знаме сакаат да имаат, па дури потоа да се донесе закон за знамето на Република Македонија.
Благодарам.

СТОЈАН АНДОВ:
Дали уште некој бара збор? (Не бара)
Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот и на Собранието му предлагам да го усвои следниот заклучок:
Собранието го усвојува предлогот за донесување на Закон за знамето на Република Македонија.

II/3
Кој е за, молам да крене рака?

110 пратеници гласаа за.

Дали има некој против? (1 пратеник)

Дали некој се воздржува од гласање? (4 пратеници) Констатирам дека заклучокот е усвоен.

Дали Собранието го усвојува предлогот на оваа седница да се претресе и Предлогот на закон.
Кој е за, молам да крене рака?

110 пратеници гласаа за.

Дали има некој против? (1 пратеник)
Дали некој се воздржува од гласање? (4 пратеници)

Констатирам дека е усвоен предлогот на оваа седница да се претресе и Предлогот на закон.
Отворам општ претрес по Предлогот на закон.

Молам, кој бара збор?
Има збор господинот Сали Рамадани.

САЛИ РАМАДАНИ:
И покрај моите објективни забелешки од научен уставен и законски карактер ова Собрание гласаше за Предлогот за донесување на законот за знамето на Република Македонија. Постои уште една мала шанса донекаде да се ублажи грешката со помош на некои мали корекции за нешто позначајни ефекти. Наиме, би било многу паметно да консеквентно со овие пропусти побара излез од оваа безизлезна состојба од овој ќорсокак, до кој сме доведени па и се доведени сите на некој начин^ Тука би бил уште. пократок.
Прво, излезот би се нашол зборот “знаме” за кој исто така имам подготвено амандмани да се употребува во множина “знамиња” и сето тоа да се реши и употребата на националните знамиња на сите национални колективитети во Република Македонија.

Второ, предложеното државно знаме на Република Македонија, за? кое исто така сум поднел амандмани, па и алтернативно да биде прифатливо за сите граѓани, припадници на сите националности во нашава Република Македонија. Во животот, нарочито во правата демократија нема таму тема. Ако сакаме да бидат задоволни и Македонците, и Албанците и Турците и Муслиманите и Србите и Ромите и другите кои живеат во Македонија и Власите треба да сме толерантни, демократски расположени, широкоградни, алтроистички ориентирани. Во спротивно одговорноста е голема и преголема за сите.

СТОЈАН АНДОВ:
Има збор господинот Димче Настевски.

ДИМЧЕ НАСТЕВСКИ:
Почитувам претседателе, почитувани пратеници, Комисијата за политички систем на Собранието на Република Македонија како матична комисија на Собранието на својата седница одржана на 3 октомври 1995 година го разгледа Предлогот за донесување на Закон за знамето на Република Македонија, со Предлог на закон поднесен од 95 пратеници од Републичкото собрание и на Собранието му гр предлага следниот извештај.
Комисијата констатира дека има потреба за донесување на закон за знамето на Република Македонија од причините содржани во Предлогот.
Комисијата согласно член 316 став 1 од Деловникот на Собранието на Република Македонија на седницата го претресе Предлогот на законот. На текстот на Предлогот на законот Комисијата не предложи изменување и дополнување.
II/5
Комисијата заклучи да му предложи на Собранието да го разгледа и усвои предлогот за донесување на закон и да го донесе Законот за знамето на Република Македонија.
Почитувани пратеници, при донесувањето на оваа оцена Комисијата посебно го ценеше фактот дека предложеното ликовно решение на знамето се засновува на културно историските традиции на Македонија и ја одбележува нејзината историја.

СТОЈАН АНДОВ:
Дали уште некој бара збор? (Не бара)
Бидејќи никој не бара збор го заклучувам општиот претрес.
Отворам претрес по текстот на Предлогот на закон. Пратеникот Томислав Стојановски поднесе амандман на член 2 по кој предлагачите не се произнеле.
Отворам претрес по амандманот на член 2 поднесен од пратеникот Томислав Стојановски.
Молам, кој бара збор?
Има збор Томислав Стојановски.

ТОМИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ:
Господин претседателе, драги пратеници, уставното право пратениците да можат да предлагаат и да доставуваат предлог за знаме е демократска придобивка од која што не треба да бегаме. Таа демократска придобивка јас ја искористив со кое што, веднаш да одговорам на некои претходни говорници дека за тоа треба да се распишува референдум или слично. Ако претходното знаме го донесуваше Парламентот таа обврска сега ни е препуштена на нас. Јас го искористив правото, мотивиран од тоа дека добро е да има повеќе предлози, добро е да се произнесуваме за да го избереме најдобриот, II/6
со полн респект кон потписот на мнозинството на пратеници на овој Парламент кои што имаат свој предлог. Не значи дека мојот предлог се спротивставува на предложениот предлог на знаме на Република Македонија. Сакам само да ја објаснам симболиката на овој предлог на знаме….
(го подига предлогот на знамето кон пратениците во салата). кој што во основа ги задржува црвената боја и жолтото сонце како симбол на животот и иднината. Со тоа што тука жолтата и црвената боја се во една поголема складност. Имено, доминира црвената боја, а трите сончеви зрака експонирани во вид на сегменти практично ја означуваат македонската дијаспора концентрирана на трите континенти Америка, Европа и Австралија. Тоа е симболиката на знамето, за да знамето го чувствуваме како знаме на сите македонци.
СТОЈАН АНДОВ:
Дали некој друг бара збор?
Има збор господинот Фаик Абди.
ФАИК АБДИ:
Господин претседателе, дами и господа пратеници, господа министри, господине премиере. Иако заврши општата расправа по задачата што треба да ја извршиме денеска и ако сме потпишале сто и повеќе луѓе за ова знаме што е како предлог, јас сум секогаш против тоа да се зборува дека ова знаме, не како што рече колегата Томислав Стојановски на нас македонците. Тоа што го предлагаме тоа е наше државно знаме и ќе биде државно знаме на сите граѓани на Република Македонија. Без разлика на националноста, на вероисповеста и тн. Заради тоа испречени сме овие две-три; години пред големо зло и моравме да одбереме што е големо, што е мало што е помало зло. Помало зло е она што сега се предлага за да можеме во Европа да чекориме слободно и Европа да дојде кај нас. Кој малку располага со
II/7
дипломатија и знае што е дипломатија јас мислам дека денес не требаше да има дискусии по Предлогот за знамето. Молам ако некој овде мисли дека ова знаме ќе биде само на Македонците, јас сум Македонец, јас сум државјанин на Република Македонија. По националност сум Ром, особено новинари од Грција.
СТОЈАН АНДОВ:
Ве молам само на Парламентот се обраќајте.

ФАИК АБДИ:
Исто како што има и кај вас Роми, и претседател на Партија сум.
Благодарам што ми дадовте можност да се искажам и мислам дека нема кој друг да помисли поинаку отколку вака. Ние знамето не сме го донеле на референдум. Нешто друго се носи на референдум. А знамето овде во Собранието. Пратениците, не народот.

СТОЈАН АНДОВ:
Ви дадов збор за амандманот. Го прифаќате или не.

ФАИК АБДИ:
Јас сум се изјаснил по предлогот, не по амандманот бидејќи не зборувам за амандманот.

СТОЈАН АНДОВ:
Добро, ама збор се добива за амандманот.
Дали уште некој бара збор?

ТОМИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ:
Очигледно не бев разбран од мојот колега Фаик Абди. Кога зборував јас за дијаспората се мисли на сите оние граѓани на Република Македонија кои што живеат во дијаспората. Дијаспората е космосот,
II/8
дијаспората е светот. Во светот има Македонци, Албанци, Роми, Турци и сите. Имаме и со едни и со двојно и со тројно државјанство. Според тоа знамето на Република Македонија е знаме на сите и мојот предлог требаше практично да симболизира знаме исто така на сите граѓани кои што живеат и во Македонија и во светот, кои што имаат семејства и тука и во светот. Според тоа не сум разбран како што беше мојот предлог.

СТОЈАН АНДОВ:
Дали уште некој бара збор? (Не бара)
Бидејќи никој друг не бара збор, го заклучувам претресот и амандманот го ставам на гласање.
Кој е за молам да крене рака? (1 пратеник)
Констатирам дека Собранието не го усвои амандманот на член 2 поднесен од пратеникот Томислав Стојановски.
Продолжуваме со претрес по текстот на Предлогот на законот.
Молам кој бара збор? (Никој)
Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот по текстот.
Согласно член 5 став 2 од Уставот на Република Македонија, овој закон се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Предлогот на законот го ставам на гласање.
Кој е за молам да крене рака?
110 пратеници гласаа за.
Дали има некој против? (1 пратеник)
Дали некој се воздржува од гласање?(4 пратеници).

Констатирам дека Собранието го донесе Законот за знамето на Република Македонија.

II/9
Бидејќи дневниот ред е исцрпен, ја заклучувам Дваесет седмата седница на Собранието на Република Македонија.
(Седницата заврши во 13,20 часот).

SHARE

Comments are closed.