Поразувачки или не (!?) е фактот дека само 3 отсто граѓани целосно го прочитале Доворот од Преспа распослан на 19 страници, за кој граѓаните ќе треба да се изјаснат на престојниот консултативен референдум на 30 септември.

На социјалните мрежи, но не само таму, се водат полемики дали е добар или не постигнатиот договор со Грција потпишан во Преспа, ратификуван во Собранието на РМ, но без потпис од претседателот на джавата.

Пренесуваме еден од поиздржаните постови на Фејсбук.

„Се мислам околу актуелната анкета дека само 3 отсто од испитаните го прочитале договорот. Да, знам дека сме second hand information општество. Но, мора ли сите или поголемиот дел од луѓето да го имаат прочитано. Убаво би било, но не мора.

Треба да им се објасни, да се допре до сите, и до оние што, и да го прочитаат може нема да разберат, дел или целосно. Знам дека е објаснувано, но најголем дел по социјални медиуми.

И околу процентот 3.

Не верувам дека поголем процент го прочитале целосно Уставот, или одредени закони, па се ангажирани граѓани, или Библијата, па се добри верници, или партиските програми па се добри партизани, или упатството за користење на фрижидерот дома кога ќе го купат. Нема потреба, доволно некој да им покаже и да им се врежат битните работи во глава“.

Анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) покажа дека само 3,1 од испитаниците го прочитале договорот за името со Грција, кој е дел од референдумското прашање.

 

SHARE