Џек Ма, коосновач на кинескиот гигант „Алибаба“, предупреди денеска дека светот мора да се подготви за дваесетгодишната војна меѓу Кина и САД.

Економската ситуација не е добра и може да трае премногу долго, рече Ма во говорот на Светскиот економски форум во Тијанџин.

Ма веќе предупреди дека трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот може да трае со децении и дека Пекинг мора да се сврти кон „Патот на свилата“ што води кон Африка, Југоисточна Азија и Европа.

SHARE