Три сценарија за Преспанскиот договор и изборите во Грција

Преспанскиот договор ја дестабилизира Грција коментираат дел од доброинформирани грчки медиуми кои пишуваат за 3 сценарија во блиска иднина.

По последните случувања и изјавите на Каменос, постојат три сценарија поврзани со можната ратификација на Преспанскиот договор и предвремените избори во Грција, пишуваат грчки аналитичари.

Сценарио 1

Договорот доаѓа за ратификација во Грција. Пред гласањето, АНЕЛ ја повлекува својата доверба од владата и земјата оди на предвремени избори.

Сценарио 2

Алексис Ципрас го прифаќа барањето на Панос Каменос и бара зголемено мнозинство од 180 пратеници за ратификување на договорот. Мнозинството не е постигнато и земјата е доведена до предвремени избори.

Сценарио 3

Алексис Ципрас со подршка на Ставрос Теодоракис веднаш по ратификувањето на договорот ќе објави избори. Во овој случај, договорот е ратификуван со просто мнозинство (СИРИЗА, Потами, независните пратеници) и веднаш потоа се распишуваат предвремени избори. Ова е сложено и предвидено сценарио, кое го фаворизира целиот политички систем во Грција.

Во секој случај, има 2 периоди на распишување на избори, по Успешен референдум во Македонија во октомври 2018 или во периодот од Јануари до Мај 2019.

Поверојатно е предвремените избори да се направат на почеток на новата година, кога Владата треба да го прекине намалувањето на пензиите и да ја подели социјалната дивиденда со што СИРИЗА и Ципрас ќе можат да добијат поголема поддршка.

Во меѓувреме Нова Демократија и Мицотакис не се откажуваат од сценарио за рушење на Владата со намалување на парламентарното мнозинство на Сириза и Анел под 151 пратеник пред 21.08.2018.

4 Коментари

  1. Договорот доаѓа за ратификација во Грција. Пред гласањето, АНЕЛ ја повлекува својата доверба од владата и земјата оди на предвремени избори

    • Според договорот, ние сме безлична СЛОВЕНСКА маса односно Словени без идентитет, а шиптарите НЕ САКААТ ДА БИДАТ врста Словени или подведени СЛОВЕНСКА маса

Comments are closed.