„Повеќето Македонци мислат дека АСНОМ е модел на Шевролет.

И дека Крушевската република е хипи комуна од 1968 година.

Во која Питу Гули свирел бас во “Флитвуд Мек”.

А Карев бил фронтмен во “Грејтфул дед”!

Дека Црешовото топче бил џиновски џоинт од кој пушеле будалите што гинеле за татковината мислејки дека од расцепената вагина на Македонија излегува главата на слободата.

Дека Сандански е летна колекција на “Саламандер” од 1908: сандали, опинци, ремени од свинска и овча кожа за борбата на македонскиот народ против слободата.

Дека Го Це му бил внук на Лао Це и дека затоа бил во состојба да го разбере светот.

За разлика од Ци Ле, Ми Ле и Ми Цко.

Дека Февруарскиот поход е акција за пошумување на Македонија во рамките на Денот на дрвото“.

Ова е дел од колумна на новинарот Бранко Тричковски, за „Слободен печат“ што  ја пренесува „Либертас“.

SHARE

2 Коментари

  1. Да бе сите што гласаа на референдумот за капитулација мислат така. Е сега колку од нив беа македонци видете си.

Оставете Коментар