Тројца косовски полицајци ранети кај Грачаница

Тројца косовски полицајци се ранети во хотел во селото Преоце во близина на манастирот Грачаница. Инцидентот како што пишуваат косовските и српските медиуми се случил завчера а во нив пукал граѓанин на Косово.

„Осомничениот косовски Албанец е уапсен откако пукал од огнено оружје во хотелот. Тројца полицајци се ранети додека се обидувале да го совладаат“ , објави денеска косовската полиција.

За време на апсењето полицијата конфискувала пиштол ТТ-М-57 , две рамки со 14 куршуми, пиштол Смит и Весон со две рамки муниција и четири гранати, соошти косовската полиција која уапсениот го предала на истражен судија по што тој е пратен во притвор.

SHARE