Турчин сакал да прегази полицаец да не му го земат возилото со „пајак“

29 годишен турски државјанин  сакал да прегази полицаец и да претепа вработен во Пајак службата затоа што сакале да го отстранат неговиот погрешно паркиран Мерцедес.

Настанот се случил синоќа околу 21 часот и 40 минути на ул. Самоилова во Скопје полицаецот и вработениот во Пајак службата сакале да го подигнат неговото возило.

Тој прво почнал да го влече вработениот во Пајак службата, а потоа го стартувал возилото и удрил во полицецот и го повредил, дозанава „Канал 5“.

Турскиот државјанин е уапсен.