Турци претепани во центарот на Скопје

Во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот во Скопје, вчеравечер биле биле претепани двајца млади турски државјани.

Турските државјани биле нападнати од поголема непозната група по што поради тешки повреди биле префрелени на скопските клиники.

Вчера околу во 19 часот во Единицата за информирање и команда Скопје, пријавено е дека во Ургентен центар Скопје донесени биле двајца странски државјани.

Нападнатите турски државјани 24- годишниот Е.И и 26- годишниот С.Ј со привремен престој во Скопје не се во животно загрозувачка состојба а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Оставете Коментар